8.04.2020

МТСП: Домаќинствата без приходи да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа

Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП). Со цел олеснување на последиците од здравствено-економската криза, со Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита.

Повеќе

8.04.2020

МТСП: Видувањата на децата со родителите да се одржуваат во договор меѓу двајцата родители, грижата за здравјето на децата да биде приоритет 

Министерството за труд и социјална политика, во врска со начинот на одржување на контактите на децата со родителите со кои не живеат, во услови на пандемија од корона вирусот, потсетува дека согласно со Законот за семејството, родителското право го вршат родителите заедно, во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница. 

Повеќе

Државата се грижи за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи – обезбедува парична помош за домаќинствата и енергетски додаток за корисниците на социјална заштита

Имформации за мерка 7

За да добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост на лицата се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано само од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

Повеќе

7.04.2020

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос, согласно работниот стаж , преку Агенцијата за вработување

Информации за мерка 4

Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Повеќе

5.04.2020

МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19 

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19.

Повеќе

3.04.2020

Бајрактар и Шкријељ: Овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за домаќинствата кои останале без приходи

Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита. Eдна од клучните мерки во вториот сет мерки за олеснување на последиците од кризата предизвикана од КОВИД-19 е олеснетиот пристап до парична помош на лицата и семејствата на кои таа им е најпотребна. Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ ги објаснија прилагодувањата на системот на социјална и детска заштита укажувајќи дека секој граѓанин треба да знае дека никој не е заборавен.

Повеќе

Препораки на Советот за БЗР во однос на законските обврски за безбедност и здравје при работа, во услови на вонредна состојба и спроведување на мерки и активности за заштита и превенција од ширење на коронавирусот

Повеќе информации можете да најдете овде

31.03.2020

МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата донесе заклучок со кој се задолжуваат сите државни органи и институции, им се укажува на единиците на локална самоуправа  и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба - потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности.

Повеќе
23.03.2020

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата. 

Повеќе

23.03.2020

МТСП:Формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани  мобилни тимови на Црвен крст  чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Повеќе

20.03.2020

МТСП: Обезбедуваме хигиенски пакети за семејствата што живеат во супстандардни услови

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дистрибуција на пакети со средства за лична хигиена и за дезинфекција за семејствата што живеат во супстандардни услови.  

Повеќе

20.03.2020

МТСП: Дополнителна листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19

Министерството за здравство ја дополни листата на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на КОВИД-19:


Повеќе

19.03.2020

МТСП: Лицата во карантин сместени во депандансот во Демир Капија, обезбедени се сите потребни услови и поддршка

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека во депандансот Демир Капија, којшто се наоѓа во атарот на село Ергеле, во моментов се  сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на КОВИД-19.

Повеќе

19.03.2020

МТСП: Известување за жртвите на семејно насилство

Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија,  Министерството за труд и социјална политика  известува   дека жртвите  на семејно насилство кои имаат потреба од помош,  поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077  141 700; 

Повеќе

16.03.3020

МТСП: Известување за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост 

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус донесени од Владата на РСМ,  Министерството за труд и социјална политика  ги известува  лицата кои имаат или ќе поднесат  ново барање за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост дека Комисиите за издавање на конзилијарни мислења ќе даваат конзилијарно мислење со наод, само врз основа на медицинска документација без непосреден преглед на странките. 

Повеќе

16.03.2020

МТСП: Апелираме до родителите да ги користат достапните содржини и едукативни емисии за деца од предучилишна возраст

Децата треба да го продолжат учењето и додека се дома. Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата.

Повеќе

15.03.2020

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат, во соработка со Црвен Крст се делат заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците

Министерството за труд и социјална политика информира дека четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица. 

Повеќе

15.03.2020

МТСП: Се одложува реализацијата на проектот бањско-климатската рекреација 

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус инфекцијата, Министерството за труд и социјална политика информира дека реализацијата и спроведувањето на Проектот бањско - климатска рекреација се одложува, односно нема да се реализира во одредениот термин.За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Повеќе

13.03.2020

МТСП: Листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки на Владата за превенција од ширење на болеста COVID-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:    

1) Хронични респираторни заболувања;    

2) Тешки кардиоваскуларни заболувања;    

3) Дијабет - ТИП1;    

4) Малигни заболувања;    

5) Имуно-компромитирачки состојби.

Повеќе

Потребни документи за регулирање на отсуство поради мерки за превенција од вирус COVID-19

Категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности за следниве состојби, во периодот заклучно до 24 Март, 2020 година:

  • Хронични респираторни заболувања; 
  • Тешки кардиоваскуларни заболувања; 
  • Дијабет - ТИП1;  
  • Малигни заболувања; и  
  • Имуно-компромитирачки состојби.

потребно е да приложат потврда од матичен лекар.


Бремени жени кои треба да бидат ослободени од работа и работа и работни активности, потребно е да приложат: потврда од матичен гинеколог


За вработените лица кои користат оправдано отсуство поради дете во градинка, потребно е да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство: 


За вработените лица кои користат оправдано отсуство поради дете до 10 годишна возраст или активно четврто одделение во училиште, потребно е да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство: 

  • копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени
  • потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство
  • лична писмена изјава

За вработените лица кои користат оправдано отсуство поради дете/лице корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост, потребно е да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство: 

12.03.2020

МТСП: Препораките важат за сите подеднакво, апелираме до сите работодавачи да ги почитуваат 

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Повеќе

12.03.2020

МТСП: Дополнителни мерки, активности и препораки за превенција од ширење на болеста КОВИД-19

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19,  следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:


-Хронични респираторни заболувања
-Тешки  кардиоваскуларни заболувања
-Дијабет ТИП 1
-Малигни заболувања и
-Имуно-компромитирачки состојби.

Повеќе

11.03.2020

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште 

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Повеќе

Известување

Одлуки на Владата на РСМ за Корона вирус

Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји.

Повеќе информации овде