Информации за лиценцирање на стручни работници вработени во установи за социјална заштита 

Информација од Комисија за лиценцирање на стручни работници вработени во установи за социјална заштита од 09.03.2018 

Ве информираме дека од 21.12.2017 година, формиране е Комисијата за лиценцирање на стручните работници вработени во установи за социјална заштита, во состав: 

1. проф. д-р Сунчица Димитријоска;

2. проф. д-р Сузана Борнарова; 

3. проф. д-р Наташа Богоевска;

4. Елка Тодорова, правник;

5. Дијана Димкоска, правник; 

6. Зоранчо Стојанов, социјален работник;

7. Соња Кипровска, правник;

8. Емилија Размоска, правник;

9. м-р Климентина Спасовска, социолог;

10. м-р Томислав Цветковски, педагог;

11. Аленка Бинчки Арсеновски, социјален работник.


  Комисијата  за лиценцирање на стручни работници донесе:

Деловник за работа на Комисијата за лиценцирање

Програма за проверка на примената на стручното знаење во постапката за издавање и обновување на лиценца за работа на стручен работник во установите за социјална заштита

Програма за полагање на испит

Комисијата ги информира сите стручни работници, на кои им е продолжена лиценцата за работа, кои во ноември 2017 година, март 2018 година и мај 2018 година, треба да ја обноват лиценцата за работа, дека штом ќе биде ставен во функција системот за електонско полагање на стручен испит, ќе биде објавана сесија за обновување на лиценца. Стручните работници, кои треба да полагаат стручен испит, прашањата за теоретскиот и практичниот дел на стручниот испит можат да ги најдат на следниот линк http://prasanja.mk 

Лице за контакт: Даниела Станојковска  тел. 02/3230-401 моб. 075/242-953 e-mail: juzsd-sk@mtsp.gov.mk

Потребни документи за аплицирање за стекнување на лиценца: 

  • барањето за аплицирање на образец;
  • диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1степен;
  • доказ за државјанство на Република Македонија;
  • доказ за живеалиште во Република Македонија;
  • доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • кратка биографија;
  • потврда за помината едукација, во траење од најмалку 40 часа, спроведена согласно со Програмата за континуирана едукација на стручните работници во установите за социјална заштита на ЈУ Завод за социјални дејности;
  • доказ дека стручниот работник е давател на јавни услуги во установа за социјална заштита (за приватните установи дека е вработен во установа за социјална заштита) и
  • доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа.

Потребните документи се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лицата вработени во установи за социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои сакаат да извадат лиценца за работа во градинки. 

Стручна литература и прашања за полагање на испит


Закони од областа на социјалната заштита и семејно-правната заштита


СТРИМИНГ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

КАМЕРА 1

КАМЕРА 2