28 септември - Меѓународен ден на Бошњаците

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  28 септември 2018 година (петок), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката  заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.