Царовска во работна посета на Кичево: Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера беше во работна посета на Општина Кичево. Министерката се сретна со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари со кого разговараа за повеќе прашања од социјалната заштита на локално ниво.

Посетета на Кичево министерката ја искористи да ја види и новоизградената градинка и да се сретне со вработените во Центарот за социјални работи на Кичево.

“Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани. Вработените во кичевскиот центар се професионални и мотивирани и одговорно ја спроведуваат социјалната реформа со којашто драстично се зголеми помошта за примателите на социјалните права“, рече Царовска во Кичево.

Министерката истакна дека посебно и е драго што Кичево од есен добива нова детска градинка којашто е изградена со средства од Турската агенција за соработка и координација ТИКА.

„Продолжуваме да вложуваме во раниот детски развој и квалитетно предучилишно образование со вработување на кадар кој што е компетентен. Истовремено ги прошируваме капацитетите на детските градинки низ целата држава со цел во следните 4 години опфатот на деца во градинките да го зголемиме за 50%“, рече Царовска.