И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани, 

Одделението за инспекциски надзор на дејноста заштита на децата од Министерството за труд и социјална политика, во моментот врши вонреден  надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Надзорот се прави откако родител на дете кое што ја посетува градинката во Министерството испрати писмо во кое што тврди дека негователките несоодветно и дрско се однесуваат со децата. Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел да го расветли случајот во најкраток можен рок. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај.