Известување заполагање стручен испит за безбедност при работа

Министерството за труд и социјална политика ги информира кандидатите кои треба да полагаат стручен испит за безбедност при работа, дека испитот е закажан на следниве термини:

 17.10.2018 година - Испит за проверка на теоретското знаење на кандидатите (теоретски дел), од 10:30 до 12:30 часот и 

 7.11.2018 година - Испит за проверка на практичната способност на кандидатите (практичен дел), од 11:00 до 13:00 часот. 

Полагањето ќе се одржи во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – компјутерски центар (приземје), бул. „Гоце Делчев" бр.96, Скопје.

Повеќе информации овде