ЈАВЕН ПОВИК

Министерството за труд и социјална политика согласно со член 3 од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за ревизија на наод, оценка и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа(„Службен весник на Република Македонија бр.2/2013, 27/16 и 2/19) во натамошниот текст: Комисија за ревизија,  ги повикува заинтересираните лекари - специјалисти  да се јават за учество во работа на Комисијата за ревизија  за период од една година.

На овој повик може да се  јават истакнати медицински стручни лица коишто работат во здравствени установи од следните области:

  • специјалист интернист,
  • специјалист психијатар,
  • специјалист по трудова медицина,
  • останати специјалисти (офталмологија, онкологија, кардиологија, неврологија, ортопед, специјалист  хирург  и др. )

Доколку заинтересираното лице учествувало во постапка на оцена на работната способност, не може да биде член на Комисијата за ревизија.

Заинтересираните лица за учество во работата на Комисијата за ревизија треба да достават барање, кратка биографија, доказ за положен специјалистички испит (копија), копија од лиценца за работа и  потврда за работен однос. Барањето се поднесува до Министерството за труд и социјална политика, ул: “Даме Груев“, бр.14, 1000 Скопје, со назнака: Комисија за ревизија, најдоцна до  14 јануари 2019 година.

ЈАВЕН ПОВИК