МТСП: Исплата на права за борци и воени инвалиди

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека на 7 септември 2017 година изврши исплата на правата за борци и воени инвалиди за месец август 2017 година.


 

 

Вкупниот износ на исплатата е во висина од 29.500.000 денари, а истата е извршена порано  со цел да се прекине праксата на доцнење со исплатите на корисниците на правата од социјална и детска заштита.