МТСП: Министерството за труд и социјална политика по промената на власта започна навремено да ги исплаќа правата за социјална парична помош

Ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика навремено ги исплаќа паричните надоместоци од областа на социјалната заштита и помош и нега од друго лице.

Да потсетиме, правото за социјална парична помош и помош и нега од друго лице, од 2012 до 2017 година беа исплаќани со три месеци доцнење, односно средствата за ноември беа исплаќани во месец февруари. Од ноември 2017 оваа пракса е променета и правата за месец ноември се исплатени во месец декември 2017 година. Ова ќе биде редовна пракса и динамика на исплата и нема потреба од загриженост кај корисниците.

Причината поради која исплатата за декември не се реализира во предвидениот рок до 15 Јануари  се должи на законската обврска секоја нова календарска година од страна на Владата на Република Македонија да се усвојува Програма од социјална и детска заштита. Врз основа на оваа Програма се врши исплата на правата. Ова е застој од техничка природа заради запазување на процедурите и истиот веќе е надминат.

Програмата е усвоена од страна на  Владата, а Министерството за труд и социјална политика веќе ги исплати правата од областа на социјалната заштита.

За детален преглед на редоследот за исплатата на социјална парична помош притиснете тука.