Одржана шеста седница на Советот за социјална сигурност

На 20.09.2018 се одржа шестата седница на Советот за социјална сигурност на која што имаше Презентација на физибилити студијата за пензионерските домови со коишто управува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Членовите на Советот дискутираа по предложените решенија за унапредување на сместувањето на пензионерите во постојните пензионерски домови и по однос на моделите за подобрување на управувањето со пензионерските домови и нивна одржливост.

Денешниот ден, 20 септември, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија го обележува како „Ден на пензионери на Македонија“ по кој повод министерката за труд и социјална политика Мила Царовска им го честита денот на сите корисници на пензија.