Проект "Народни кујни"

Владата на Република Македонија, со цел да излезе во пресрет на потребите на старите и немоќни лица кои поради материјална необезбеденост се наоѓаат во исклучително тешка социјална положба, се определи за политика на развој на социјалната заштита преку обезбедување на еден топол оброк за оваа група граѓани.

Во насока на поддршка на најранливата категорија на лица, започнувајќи од 2007 година, го воведовме и континуирано го спроведуваме проектот  „Народни кујни„. 

Во текот на овој период, на територијата на Република Македонија се отворени над 50 народни кујни со повеќе од 60 пунктови за делење на храната, а месечно околу 3500 лица ги користат услугите од овој проект.