Проектот за условени парични надоместоци 

Владата на Република Македонија на 2.09.2009 година потпиша Договор за заем со Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка, Заем бр. 7735-МК) во износ од 19.300.000,00 евра. Средствата се наменети за имплементација на Проектот за условени парични надоместоци од страна на Министерството за труд и социјална политика. 

 Целта на Проектот е зајакнување на ефективноста и ефикасноста на мрежата на социјална заштита преку а) воведување на условени парични надоместоци и б) подобрување на администрирањето, следењето и евалуацијата на социјалните паричните трансфери.  Досега во рамките на овој проект се реализирани бројни активности со кои се подобри ефикасноста и фективноста на мрежата на социјална заштита и тоа:

  • Развој на софтвер за администрирање на паричните надоместоци на Министерството за труд и социјална политика 
  • Имплементирање на програма за условен паричен надоместок за средно образование за ученици кои редовно посетуваат настава и се од домаќинства корисници на социјална парична помош 
  • Имплементирање на програма за субвенционирано вработување на лица од социјален ризик
  • Функционална анализа на центрите за социјална работа 
  • ИСО сертифицирање на Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, а во тек е  сертифицирањето на установите за социјална заштита
  • Реновирање и опремување на центрите за социјална работа. 
Програма за условен паричен надоместок за средно образование

Програмата "Условен паричен надоместок за средно образование" има за цел да го подобри пристапот и квалитетот на образованието, да го зголеми бројот на ученици запишани во средното образование од домаќинства корисници на социјална парична помош, како и да го поттикне реализирањето на задолжителното средно образование во Република Македонија. На долгорочно ниво, програмата има за цел да ја зголеми вработеноста и да ја намaли сиромаштијата, како и да создаде поквалитетна работна сила.

Оваа програма ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Министерството за образование и наука, средните училишта и Министерството за финансии, согласно со Прирачникот за администрирање на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование.

Повеќе
Барање

Барање за остварување на условен паричен надоместок

Најчесто поставувани прашања

Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување

Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување 

Со Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување се промовира вработувањето пред сè на лица во ризик за социјална исклученост, со обезбедување на субвенции за плати за период од шест месеци за ангажираните лица и обврзување за работодавачите овие лица да ги задржат во работен однос уште најмалку дополнителни шест месеци.  


Повеќе

Документи поврзани со УПН проектот

Повик за понуди-завршен

ПОВИК ЗА ПОНУДИ

Министерство за труд и социјална политика
Проект за условени парични надоместоци-УПН проект(Кредит Бр. 7735-МК)
Реф.бр. МК/УПН # 2.1.53


1.Овој повик за понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на “UN Development Business”, со бр. 766, од 16ти јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 17-ти декември 2009 година.

Повик за изразување интерес-завршенMинистерство за труд и социјална политика објавува барање за изразување на интерес за подготовка на проекти  за реновирање, опремување и надзор на изведувањето на работите во  инститиции за социјална заштита во Демир Капија, Скопје и Струмица

Повик за достава на понуди-завршено

Министерство за труд и социјална политика Проект за условени парични надоместоци-УПН проект (Кредит Бр. 7735-МК)

Набавка на хардвер и софтвер за меѓусебно поврзување и електронска размена на податоци помеѓу институции

Реф.бр. МК/УПН # 2.1.36

Барање за изразување на интерес-завршено

Објава на оглас за ангажирање на компанија за спроведување на обуки на потенцијалните корисници на Програмата за субвенционирано вработување и на вработените во центрите за социјална работа

(реф.бр. МК/УПН # 2.1.43)

Повик за достава на понуди-завршеноМинистерство за труд и социјална политика

Проект за условени парични надоместоци-УПН проект (Кредит Бр. 7735-МК)
Реф.бр. МК/УПН # 2.4.3

Градежно занатски работи за реновирање на центрите за социјална работа во Крушево, Демир Хисар, Прилеп, Штип, Битола, Гевгелија и Охрид

Консултантски услуги-завршено

Република Македонија

Проект за Условени парични надоместоци (УПН Проект)

Консултантски услуги

Кредит Бр: 7735 –МК 

Aнгажирање на координатор на Програмата за субвенционирано вработување